Дома Топ вести Милан тргна во офанзива по новата белгиска ѕвезда

Милан тргна во офанзива по новата белгиска ѕвезда

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан ги започнал преговорите за ѕвездата на Клуб Бриж и белгиски репрезентативец, Чарлс Де Кетелар.

21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, оваа сезона блесна во дресот на Клуб Бриж.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Белгиецот постигна 18 гола и 10 асистенции и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а веќе го добие епитетот „новиот Де Брујн“.

Де Кетелар е примарна трансфер цел на „росонерите“ кои веќе започнале преговори со Клуб Бриж, кој за слободата на својата ѕвезда бара 30 милиони евра.

Милан испратил понуда од 25 милиони евра, која била одбиена, но преговорите продолжуваат, а „Газета дело Спорт“ открива дека „росонерите“ се спремни да испратат нова понуда од 30 милиони евра.

„Росонерите“ веќе имаат договор со Бегиецот, кој треба да биде новата „десетка“ и ќе потпише 5-годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…