Дома Фудбал Италија Касано повторно во центарот на вниманието: Дибала нема квалитет за Реал и Барса

Касано повторно во центарот на вниманието: Дибала нема квалитет за Реал и Барса

Фудбалерот на Јувентус, Паоло Дибала изминатите неколку месеци се поврзуваше со трансфер во редовите на Реал Мадрид и Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата тима се обидуваа да ја доведат ѕвездата на Јувентус во своите редови, но на крајот не успеаа во тоа. Дибала остана во Јувентус, каде што и ја доби легендарната „десетка“.

Сепак, контроверзниот италијански фудбалер, Антонио Касано, тврди дека Аргентинецот нема квалитет за да настапува за Барселона или Реал Мадрид.

„Според мене Дибала не може да игра за Реал или Барселона. Сеуште не стигнал до нивото на квалитет на овие две екипи“, изјави Касано.

Касано веќе една година е без клуб, а во кариерата настапуваше за Реал Мадрид, Рома, Интер и Милан, а во последно време вниманието на себе го привлекува само со изјави во медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Разоткриена вистинската причина за солзите на Меси на СП

ЛИОНЕЛ МЕСИ ја водеше Аргентина до победа на Светското првенство, постигнувајќи хет-трик н…