Лацио одбил две понуди од Челзи и Њукасл за српскиот репрезентативец Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат италијанските медиуми.
Двата англиски клуба се силно заинтересирани за Милинковиќ-Савиќ и понудиле 55 милиони евра, но Лацио бара повеќе пари за слободат ана својата ѕвезда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот Клаудио Лотито изјави дека за Милинковиќ-Савиќ сака 100 милиони евра, но сепак е спремен да го пушти доколку пристигне понуда од 70 милиони евра.
Србинот има договор со Лацио до 2024 година, но и самиот смета дека сега е вистинско време да направи чекор напред во кариерата, а Челзи е најблиску до неговиот потпис.