Душан Влаховиќ зад себе има две одлични сезони во кои се избори за голем трансфер од Фиорентина во Јувентус.




За Влаховиќ Јувентус плати 80 милиони евра, тоа е повеќе и од она што Сити го плати за Халанд летово. Во вториот дел во Торино Влаховиќ не блескаше нешто премногу и најдоброто од него допрва се очекува.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Големи очекувања од Влаховиќ има претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Ненад Бејковиќ, за него Влаховиќ е подобар од Халанд.




„Влаховиќ е подобар и покомплетен играч од Халанд. Норвежанецот е млад и силен, но не е Влаховиќ послаб. Мала е разликата во висина, но напаѓачот на Јувентус е разновиден и има подобар стил на игра“, смета Бејковиќ.




За Јувентус Влаховиќ одигра 21 натпревар и постигна девет голови. Во дресот на Фиорентина имаше учинок од 20 голови на 24 натпревари. Халанд за Борусија постигна 29 голови на 30 натпревари во изминатата сезона.