Дома Трансфер зона Јувентус од Челзи го бара Канте или Жоржињо

Јувентус од Челзи го бара Канте или Жоржињо

Челзи и Јувентус преговараат за трансфер на Матијас де Лихт на „Стенфорд Бриџ“, а се поизвесно е дека во преговорите ќе биде вклучен уште некој фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Де Лихт е примарна трансфер цел на „сините“ кои ова лето останаа без Кристенсен и Рудигер, па веќе започнаа преговори со Јувентус.

Првата понуда на Челзи изнесува 40 милиони евра плус Тимо Вернер, пренесува „Скај Италија“. Јувентус се отворени за можноста да биде вклучен фудбалер, но го сакаат Жоржињо или Канте.

Притоа, „бјанконерите“ бараат поголема сума на пари, бидејќи го проценуваат Де Лихт на 85 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека големи се шансите Челзи да се согласи во понудата да го вклучи Жоржињо, бидејќи влезе во последната година од договорот и сака да се врати во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…