Белгија ја победи Словачка со 102:59 во квалифкациите за Светското првенство, меѓутоа овој натпревар во центарот се најде поради еден поен на најдобриот играч на паркетот.
Ретин Обасохан беше најдобар со 18 поени за 19 минути поминати на паркетот, а се погрижи и за една неверојатна ситуација во која имаше голема среќа. Во прв момент изгледаше дека еден негов обид за забивање нема да заврши успешно, но топката се врати низ мрежата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дефинитивно ова е едно од најлудите забивања, доволно зборуваат и реакциите на останатите играчи кои се држеа за глава.
😂 @Oballsohard with the wait-for-it play of the century 😂 #FIBAWC #WinForBelgium pic.twitter.com/xBRG79u2dw
— FIBA Basketball World Cup (@FIBAWC) June 30, 2022