Плејмејкерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш зборуваше за иднината на неговиот сонародник и пријател, Кристиано Роналдо.
Последните недели силни се шпекулира дека Роналдо може да го напушти Манчестер Јунајтед бидејќи не верува во проектот и сака да игра во Лигата на шампиони.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Летните подготовки на „црвените ѓаволи“ започнуваат во понеделник, а Бруно очекува Роналдо да биде присутен на подготовките.
„Каква е ситуацијата со Роналдо? Зборував со него пред неколку недели, па очекувам да се сретнеме на 4-ти за да се спремаме за новата сезона. Нема ништо друго“.
„Меѓутоа, секој сам одлучува за својата иднина. Не мислам дека Манчестер Јунајтед сака да загуби така ценет ресурс како Кристиано“, изјави Бруно Фернандеш.