Дома Трансфер зона ПСЖ почна преговори за Скамака

ПСЖ почна преговори за Скамака

Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака е најновата трансфер цел на Пари Сент Жермен.

Според италијанските медиуми, „светците“ испратиле официјална понуда до Сасуоло за напаѓачот кој оваа сезона во Серија А постигна 16 гола на 38 натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скамака е голема желба на новиот спортски директор на ПСЖ, Кампос и испратил понуда од 35 милиони евра плус бонуси.

Сасуоло за слободата на напаѓачот бара 45 милиони евра, но двата клуба ги продолжуваат преговорите и се очекува во наредните денови да најдат заеднички јазик.

Скамака во Париз треба да биде замена за Икарди, кој е на излезна врата и ПСЖ веќе му порача да си бара нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед спреми 100 милиони за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, об…