Прва мета на Барселона во овој преоден рок е Роберт Левандовски и последните информации на медиумите се дека двете страни се блиску до договор, а во таква насока е и изјавата на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Полскиот голгетер сака нов предизвик во кариерата и негова желба е само Барселона. Тебас верува дека Барселона ќе го доведе полскиот голгетер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Левандовски следната сезона ќе игра во Барселона и ќе и донесе тиула, верувам дека ќе го доведат. Тоа е се што ќе ви кажам за Левандовски. Ќе почекаме Барселона да ја заврши целата работа. Станува збор за голема ѕвезда и сигурно дека многу ќе значи за шпанскиот фудбал“, изјави Тебас.