Дома Трансфер зона Талентираниот Чави Симонс избега од ПСЖ – ќе игра во Холандија!

Талентираниот Чави Симонс избега од ПСЖ – ќе игра во Холандија!

Талентираниот Чави Симонс за кој многу се пишуваше уште додека беше во Барселона го напушти ПСЖ и попиша договор со ПСВ до 2027 година.

Симонс важеше за еден од најталентираните фудбалери во школата на Барселона, но во 2019 година не беше задоволен од тоа што му го понуди Барселона и се пресели во ПСЖ. Во Париз дојде со големи очекувања, а минатата сезона доби прилика и во првиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак сега според познатиот новинар Симонс го „изиграл“ и ПСЖ. Наводно младиот фудбалер имал вербален договор со ПСЖ да оди на позајмица во ПСВ за наредната сезона со цел да добие поголема минутажа. Но, во последен момент тој го одбил новиот договор од ПСЖ и потпишал до 2027 со ПСВ.

Медиумите шпекулираат дека ПСЖ успеал да договори барем клазула во договорот според која можат да го вратат за четири милиони евра наредното лето, но ова засега не е потврдено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…