Вардар полека го спрема тимот со кој и во наредната сезона ќе се натпреварува во Втората лига – Запад и ќе се обиде да дојде до враќање во најсилната конкуренција.




Денес црвено-црните преставија ново засилување и тоа од редовите на Скопје. За Вардар потпиша Дарио Десниќ кој има искуство со настап во повеќе македонски екипи.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Дарио Десниќ е новиот фудбалер кој што ќе го облече црвено-црниот дрес. Офанзивниот фудбалер ни доаѓа од екипата на ФК Скопје и потпиша договор на 1 година со нашиот клуб“, соопштија од Вардар.




Десниќ е трето засилување за Вардар откако претходно во клубот пристигнаа Јован Попзлатанов и Симеон Христов.