Лукас Леива после 15 години поминати во Европа се врати во Бразил и тоа во редовите на неговиот матичен клуб, Гремио.




Кариерата Леива ја започна во младинските категории на Гремио, а потоа од две години од 2005 до 2007 беше дел од А тимот со кој два пати стана шампион.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
После Гремио премина во Ливерпул каде што го имаше најдобриот период од кариерата, следен клуб во Европа и последен беше Лацио каде што се задржа до крајот оваа сезона.




Во Гремио се враќа како слободен играч, а потпиша договор до декември 2023 година и очекувањата се тука да ја заврши и кариерата.