Преговорите помеѓу Интер и Пауло Дибала се во застој, особено откако „нероаѕурите“ постигнаа договор за враќање на Лукаку во Милано.
Во моментов Интер не може да си ја одволи и платата на Пауло Дибала, иако Аргентинецот е слободен агент и не треба да се плаќа обештетување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека „нероаѕурите“ најпрво треба да се ослободат од Санчез и Џеко, кои исто така имаат високи плати, па потоа ќе го финализираат договорот со Дибала.
Аргентинецот е фрустриран од целата ситуација бидејќи неговиот агент преговара долго време со Интер, кој пак му даде предност на Лукаку.
Дибала е спремен да слушне понуди од други клубови, но проблем за него е што моментов единствен друг клуб кој покажува интерес е Севиља, а тоа не е дестинација која му се допаѓа.