Тренерот на Барселона, Чави Хернандез е во потрага по квалитетен напаѓач за следната сезона.
Каталонските медиуми откриваат дека Барселона е заинтересирана да го врати Луис Суарез во своите редови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уругваецот има легендарен статус на „Камп Ноу“, но пред две години буквално беше избркан од Барселона кога пристигна Куман.
Од „Камп Ноу“ разговарале со фудбалерот да почека до август, бидејќи пред тоа клубот ќе направи напори да го доведе Роберт Левандовски. Само во случај на неуспех со напаѓачот на Баерн Минхен, би го ангажирале Уругваецот.
Меѓутоа, 35-годишниот напаѓач не се согласува со тоа бидејќи има неколку понуди на маса.