Дома Фудбал Официјално: Челзи после 19 години ќе има нов претседател!

Официјално: Челзи после 19 години ќе има нов претседател!

Брус Бак се повлекува oд функцијата претседател на Челзи по 19 години, соопшти денеска англискиот гигант.

Американецот, кој беше во таа улога откако Роман Абрамович стана сопственик на клубот во 2003 година, ќе остане во клубот како повисок советник, потврдија од Челзи.

Челзи минатиот месец беше продаден на конзорциум предводен од сопственикот на бејзбол тимот од Лос Анџелес, Тод Боли.

„Брус го донесе Челзи на највисоко ниво на меѓународниот и домашниот фудбал, а во исто време разви еден од најактивните проекти за општествена одговорност во спортот. Му благодариме на Брус за неговата посветеност на клубот“, изјави Боли.

За време на претседателствувањето на Бак, машкиот тим на Челзи освои 18, а женскиот 12 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барбарез повика 17-годишен голгетер: Во Декет го гледаат наследникот на Џеко

Матеј Декет првпат доби место во сениорската репрезентација на БиХ, откако со головите за …