Дома Останати Кошарка Oфицијално: Македонија по пет години ќе има претставник во Евролигата!

Oфицијално: Македонија по пет години ќе има претставник во Евролигата!

Како и што се најавуваше, челниците на Евролигата ги исклучија руските екипи ЦСКА Москва, Зенит и Уникс Казан за сезоната 2022/2023. Така во ова натпреварување ќе има македонски претставник после долго време.

На местото на овие екипи влегоа Виртус Болоња како освојувач на Еврокупот, Партизан како вицешампион во АБА лигата и Валенсија на нашиот Ненад Димитријевиќ.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Покрај овие екипи кои влегуваат стандардно тука ќе се натпреваруваат: Реал Мадрид, Олимпијакос, Барселона, Ефес, Фенербахче, Алба Берлин, Монако, Олимпија Милано, Басконија, Црвена Звезда, Асвел, Макаби Тел Авив, Панатинаикос и Жалгирис.

Последен пат кога еден македонски кошаркар играл во Евролигата беше пред пет години кога Перо Антиќ настапуваше за Фенербахче, таа 2016/2017 турскиот гигант стана и шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер пушти ѕвезда од 100 милиони, па го врати кошаркар со кој Јокиќ освои шампионски прстен

Денвер Нагетс го трејдуваа Мајкл Портер Јуниор и пик на првиот круг (2032) за Кем Џонсон. …