Дома Видео Голманот на Австралија со „луда“ техника ја одведе својата земја на Мундијалот во Катар

Голманот на Австралија со „луда“ техника ја одведе својата земја на Мундијалот во Катар

Во натпреварот на интерконтиненталниот бараж Австралија со подобро изведување на пенали го победи Перу и се пласираше на Светското првенство во Катар.

Натпреварот беше без многу прилики и за 120 минути беа видени само три шута во рамките од голот, па така пеналите го решаваа победникот. Кога беше јасно дека следуваат пенали селекторот на „Кенгурите“ Грамах Арнолд се одлучи во игра да го пушти својот резервен гол,ан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во 120. минута голманот на Сиднеј Андеј Редмајн го замени поранешниот голман на Брајтон Мет Рајан и тоа се покажа како полн погодок. Редмјан во пенал серијата ја имаше својата најважна одбрана во кариерата кога го одбрани пеналот на Алекс Валери и така ја одведе Австралија на Мундијалот во Катар.

Австралискиот голман во текот на серијата имаше специфичен начин да ги деконцентрира ривалите така што скокаше на гол линијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…