Дома Македонски спорт Македонецот Влатко Дробаров потпиша за Сараево

Македонецот Влатко Дробаров потпиша за Сараево

Одбраната на ФК Сараево во следната сезона ќе биде посилна за македонскиот интернационалец Влатко Дробаров. Дробаров е роден во Скопје на 2 ноември 1992 година и игра на позицијата стопер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговиот последен ангажман беше во Бугарија, во тимот на ПФЦ Черно Море Варна. Минатата сезона беше избран во идеалниот тим на бугарското првенство, а неговиот тим прими најмалку голови во лигата. Тој забележа 32 настапи, играјќи ги сите 90 минути, пропушти само еден натпревар поради жолти картони.

Имаше интересна меѓународна кариера со оглед на тоа што настапуваше во Македонија, Мексико, Кипар, Ерменија, Саудиска Арабија и Индија.

ФК Сараево и Дробаров потпишаа едногодишен договор, со можност за дополнително продолжување на уште една.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …