Дома Фудбал Англија Тен Хаг му ја зема капитенската лента на Мегваер

Тен Хаг му ја зема капитенската лента на Мегваер

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед ќе се сретне со Хари Мегваер на почетокот на јули, кога ќе се врати за да ги започне подготовките за новата сезона, пренесуваат медиумите на Островот.

 Тогаш се очекува Холанѓанецот да го извести дефанзивецот дека му ја одзема капитенската лента и одлуката ќе ја подложи на избор на самите играчи. Се верува дека фаворит за нов капитен на тимот е Давид де Геа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мегваер е капитен на Манчестер Јунајтед од јануари 2020 година, само неколку месеци откако пристигна од Лестер.

Минатата сезона, беше многу слаба за Мегваер и претрпе голем број критики. Тен Хаг застана во негова одбрана и истакна дека верува во неговите квалитети, но сепак ќе му ја земе капитенската лента.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер прими неверојатен гол

Пиза уште во воведните минути го шокира Интер и тоа со гол кој ќе се врти по најавни шпици…