Џек Вилшер зборуваше за медиумите и најави дека Арсенал може да го доведе Габриел Жесус.




Вилшер во овој момент е член на Архус во данската Суперлига, но следи што се случува во неговиот поранешен клуб. Вилшер го следи и преодниот рок и знае што се случува.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Мислам дека Арсенал ќе застане во редот за Габриел Жесус. Имаат големи шанси да го доведат поради неговата врска со Артета“, изјави Вилшер, но додаде и дека уште еден клуб е заинтересиран за него.




„Гледам и дека Њукасл тргнал по него, но би сакал да потпише за Арсенал“, истакна Вилшер.