Дома Трансфер зона Постигнат договор: Арсенал се засилува со Бразилец!

Постигнат договор: Арсенал се засилува со Бразилец!

Суперталентираниот Бразилец Маркињос се договори со Арсенал, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Веќе долго време се најавува овој трансфер, а сега наводно е веќе договорот потпишан – крилниот напаѓач ќе премина од Сао Паоло во Арсенал за три ипол милиони евра. Договорот ќе има важност до јуни 2027 година, а се очекува фудбалерот роден 2003 година наскоро да биде претставен како нов „топџија“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Целосното име на Маркињос е Винисиус Оливеира Аленсар. Од минатата година е член на првиот тим на Сао Паоло. Своевремено играше за младите селекции на Бразил (У16, У17).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…