Дома Македонски спорт Чурлинов: Да ги средиме главите и во недела да излеземе по три бода

Чурлинов: Да ги средиме главите и во недела да излеземе по три бода

Maкедонската фудбалска репрезентација вчера доживеа тежок пораз од Грузија на свој терен со 0:3 и така си ја направивме пеколно тешка задачата да стигнеме до првата позиција во групата.

Фудбалерите вчера беа под своето ниво, Грузија не надига и беше подобриот тим на теренот, ние скоро и да не создадовме 100% прилика за гол, се тоа беа некако полушанси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Направивме две-три грешки и Грузија ги искористи. Ни останува уште еден натпревар и сакаме да победиме. Ни недостасуваше завршница пред голот и после вакви натпревари мораме да се анализираме себе и да се фокусираме на тоа што не чека. Треба да ги средиме главите и да излеземе на терен по три бода“, изјави Дарко Чурлинов по натпреварот.

Македонија следниот натпревар го игра в недела од 18:00 часот против Гибралтар исто така дома.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Модриќ не наоѓа мир ни во Америка: Ги засени и тениските ѕвезди на теренот (Видео)

Пред натпреварите против Колумбија и Бразил, хрватските фудбалери Лука Модриќ и Андреј Кра…