Вечерва фудбалската рперезентација на Македонија ќе го игра натпреварот против Грузија од третото коло во Лигата на Нации.
Со оглед на ростерот, како што стојат работите нема да има простор за некои преголеми изненадувања. Столе Димитриевски се враќа на голманската позиција откако доби одмор против Гибралтар, пред него се очекуваат Муслиу и Велковски, а по бековските позиции Алиоски и Ашковски. Единствената дилема можеби е дали Тодоровски би можел да добие предност пред Ашковски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Централно во средниот се очекува да истрча Спировски, а покрај него Елмас и Барди. Најистурен во нападот и овој пат би требало да биде Милан Ристовски, Чурлинов десно и Трајковски лево.
Натпреварот започнува во 20:45 часот.