Дома Фудбал Мијатовиќ ја откри тајната на Модриќ: Има уште многу фудбал пред него

Мијатовиќ ја откри тајната на Модриќ: Има уште многу фудбал пред него

Лука Модриќ иако има 36 години одигра фантастична сезона и вчера официјално го продолжи договорот со Реал Мадрид.

Предраг Мијатовиќ во интервју во радиото „Ел Ларгуеро“ ја откри тајната на Модриќ и истакна дека може уште долго да игра на врвно ниво.

„Има уште многу фудбал пред Модриќ. Ако го имате ентузијазмот и физичката кондиција што ги има, годините се помалку важни. Играчите почнуваат да се дебелеат по 33-от роденден, но има и професионалци како Лука. Во сезоната тргна со 71 кг, а заврши со еден помалку. Тоа е неговата тајна поради која ќе игра на врвот уште најмалку една година. Не сум изненаден што го продолжи договорот, изјави Мијатовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Купот донесе пресврти: Тиквеш славеше во Скопје, Ѓорче се спаси од 0:2

Тиквеш го совлада Вардар со 3:1, а Македонија ЃП преку пенали ја исфрли Брегалница. Вардар…