Дома Фудбал Руни одлучи: Му кажа збогум на репрезентативниот дрес

Руни одлучи: Му кажа збогум на репрезентативниот дрес

Фудбалерот на Евертон, Вејн Руни одлучи да се прости од репрезентацијата на Англија.

Најдобриот стрелец на „Гордиот Албион“ со 53 погодоци, одлучи да ја заврши националната кариера и потполно да им се посвети на настапите во екипата на Евертон.

Руни за репрезентацијата на Англија играше 13 години. Дебитираше во 2003. година како 17-годишно момче, а последен пат играше во ноември изминатата година против шкотска.

Вкупно одигра 119 натпревари, но со селекцијата на Англија немаше преголем успех и во глобала големите натпреварувања ги напуштале со крената глава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…