Дома Македонски спорт „Поразот од Македонија ќе не боли не само до крајот на кариерата, туку до крајот на животот“

„Поразот од Македонија ќе не боли не само до крајот на кариерата, туку до крајот на животот“

Македонската репрезентација утре ќе се сретне против Грузија во третото коло од Лигата на Нации, а противник ќе биде селекцијата на Грузија.

Пред овој натпреварот репрезентативецот на Грузија, Ника Квеквескири најави дека не влегуваат во овој натпревар со желба за одмазда.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Се разбира дека сеќавањата во баражот се болни, тоа ќе боли не само до крајот на кариерата, туку и до крајот на животот. Но, утре е нов натпревар, во ново натпреварување и не влегуваме со желба за одмазда, туку сакаме да ја задржиме добрата позиција на табелата. Има промени во атмосферата, не само меѓу играчите туку и во стручниот штаб, сега играме повеќе со цело срце за нашата земја“.

Во нашата група Грузија е лидер со шест освоени бодови од два натпревари, ние имаме четири со едно реми и победа. Натпреварот помеѓу Македонија и Грузија се игра во терминот од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Toa што му го направи Модриќ со Динамо е брутално, Бобан остана без зборови

Лука Модриќ по 13 години ги напушта редовите на Реал Мадрид и кариерата ја продолжува во р…