Дома Македонски спорт Сањол: Свесни сме за болните сеќавања со Македонија, но поважно е како играме во овој циклус

Сањол: Свесни сме за болните сеќавања со Македонија, но поважно е како играме во овој циклус

Утре македонската фудбалска репрезентација го игра натпреварот од третото коло во Лигата на Нации, а противник ќе биде селекцијата на Грузија.

Селекторот на Грузијците, Вили Сањол денес ја одржа и официјалната прес-конференција пред овој натпревар.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Сигурно сте свесни дека имаме болно сеќавања од последниот натпревар против Македонија и каков ефект имаше тој натпревар врз целата нација. Сепак, тоа што се случи пред една ипол година нема многу значење за мене затоа што не бев тука. Сметам дека не треба да се враќаме и да мислиме што било пред повеќе од една година. Поважно е тоа што се случува во овој циклус и мислам дека ако го повториме нивото на игра од последниот натпревар дома ќе си одиме со добри спомени“, изјави селекторот Сањол

Сањол потврди дека сите во репрезентацијата се спремни да настпат и да помогнат на репрезентацијата.

Натпреварот против Грузија е закажан за утре во вечерниот термин од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…