Дома Трансфер зона Ливерпул ја одбил првата понуда од Баерн за Мане

Ливерпул ја одбил првата понуда од Баерн за Мане

Според медиумите во Англија, Баерн ja испратил првата понуда за Мане и таа изнесувала околу 25 милиони евра, но Ливерпул веднаш ја одбил.

„Тајмс“ објави дека Баварците понудиле 25 милиони евра, плус бонуси за Мане, кои Ливерпул би ги добил кога Сенегалецот со Баерн ќе ја освои Лигата на шампионите. На „Енфилд“ воопшто не биле задоволни да влегуваат во сериозни разговори за оваа понуда затоа што сметаат дека Мане вреди многу повеќе.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Договорот на Мане со Ливерпул истекува по следната сезона, а ова лето е последна прилика за „црвените“ да заработат од неговото заминување.

Мане со изјавите во јавноста не потврдил дека сака да замине, меѓутоа на големо се најавува дека тоа и ќе го направи. Наводно Сенегалецот после времето поминато во Ливерпул сака нов предизвик. Во таборот на „црвените“ пристигна во 2016 година и на 269 натпревари постигна 120 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…