Џанлука Скамака изгледаше дека е блиску до потпис со Интер, но сега работите можат да се променат и тој да не заврши на „Џузепе Меаца“ туку во Премиер лигата.
Италијанските медиуми претходно објавија дека Интер постигнал договор за личните услови со 23-годишниот Сакамака. Меѓутоа проблем настанал кога Интер понудил 30 милиони евра на Сасуоло кој очекувал да добие десет повеќе.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот вицешампион се уште не одлучил дали ќе го прифати ова барање на Сасуоло за откуп на неговиот договор за 40 милиони евра.
Во меѓувреме во игра влезе и Арсенал. Според медиумиоте, „Топџиите“ испратиле официјална понуда до Сасуоло за напаѓачот кој оваа сезона во Серија А постигна 16 гола на 38 натпревари.
Она што му оди во прилог на Арсенал е големата желба на Интер и Ромелу Лукаку да ја обноват соработката. Така, Белгиецот би можел да стане новата „деветка“ на тимот на Симоне Инзаги, а Арсенал би добил „отворен пат“ до Скамака.
На Арсенал очајно му е потребен напаѓач, откако беше потврдено заминувањето на Александар Лаказет.