Дома Фудбал Англија Откриено зошто Мане се чувствува потценет во Ливерпул!

Откриено зошто Мане се чувствува потценет во Ливерпул!

Структурата на платите во Ливерпул е една од големите причини зошто играчи како Садио Мане сакаат да го напуштат клубот, а иднината на Мохамед Салах останува неизвесна.

Платформата „Sportac“ ги откри моменталните плати на играчите на „црвените“ и доколку податоците се точни, тогаш е јасно дека на „Енфилд“ играчите земаат многу помали плати од клубови како Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челзи.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Највисока плата во Ливерпул моментално има Вирџил ван Дајк, кој инкасира 220.000 фунти неделно или 11.440.000 годишно. Тиаго Алкантара и Мохамед Салах се единствените други играчи од тимот од „Енфилд“ кои достигнуваат 200.000 фунти неделно.

Според податоците, Сенегалецот според актуелниот договор добива само 100.000 фунти неделно или 5,2 милиони фунти годишно. „Билд“ пред два дена откри дека понудата на Баерн Минхен за напаѓачот е многу посериозна и доколку тој потпише со Баварците, Мане ќе добива над 20 милиони евра годишно. 

Истиот извор посочува дека Мане во преговорите со Ливерпул за нов договор од клубот побарал плата од околу 24 милиони евра годишно, што раководството на „црвените“ го одби.

Сето ова значи дека во наредните месеци раководството на Ливерпул мора да ја донесе тешката одлука или конечно да ја промени структурата на платите или да остане без своите ѕвезди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Белгискиот рекордер по бројот на настапи се повлече од репрезентацијата

Дефанзивецот на белгиската фудбалска репрезентација Јан Вертонген (37) објави дека се повл…