Дома Македонски спорт „Заиграј со нас“ – проект за деца со атипичен развој

„Заиграј со нас“ – проект за деца со атипичен развој

Во организација на Општина Аеродром – Скопје и Здружението за иновации и подобар живот „Ареола“ објавуваме дека   успешно го завршивме проектот „Заиграј со нас“ за оваа учебна година кој беше наменет за дечиња со атипичен развој. 

Работевме напорно и предадено во текот на целата учебна година и покрај сите потешкотии што ни ги наметна Ковид пандемијата со преку 60 дечиња, од кои најмногу беа со: аутизам, даунов синдром, целебрална парализа и дијабет.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сите деца забележаа индивидуален и групен развој. Во индивидуалниот развој, скоро кај секое дете ја подобривме грубата и фината моторика, како и аеробниот и анареобниот  развој, мускулниот развој на горните и долните екстремитети, психофизичкиот развој, со што секое од нив откри свои нови потенцијали.

Во групниот развој, секое дете создаде нови пријатели, научи што значи тимска работа, научи дека заедно сме посилни, научи да игра тимски спортови, научи да ја дели радоста и тагата заедно со другите деца. На преубавите македонски песни танцуваа, пееја на микрофон, заеднички ја славеа Нова година и имаа ред други активности. Социо – емотивниот развој кај овие дечиња е дел од клучот за градење на подобра социјализација и вклопување во типичниот свет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Судијата Радески спаси живот на фудбалер 🎥

Судијата Дарко Радески спречи можна трагедија на вчерашниот натпревар од Третата лига – За…