Денес ракометната федерација на Македонија објави дека спогодбено ја раскинува соработката со директорот на репрезентациите, Левче Китевски.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Китевски беше на функцијата директор на машката и женската репрезентација на Македонија, а беше назначен во јуни 2020 година.




„Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и досегашниот Директор на машки и женски репрезентации г-дин Левче Китевски на 31.05.2022 взаемно се спогодија за прекин на соработката.




Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г-дин Левче Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации во периодот јуни 2020 – мај 2022 година“, соопштија од РФМ