Новак Ѓоковиќ беше поразен од Рафаел Надал во четвртфиналето на Ролан Гарос, а после овој пораз српскиот тенисер ќе забележи пад на АТП листата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од понеделник Ѓоковиќ не само што ќе го изгуби првото место туку и ќе падне на третата позиција, според пресметките. Со поразот во четвртфиналето Новак одбрани само 360 бодови и со минус од 1640 бодови ќе биде трет за Данил Медведев и Александар Зверев.




Кој од нив двајца ќе биде прв зависи од нивните резултати во продолжението на Ролан Гарос. Досега Ѓоковиќ помина 371 недела на врвот на АТП и му недостасува уште седум недели да го сруши рекордот кој во тенисот го држи Штефи Граф.