Во претходниот период се пишува за интерес на Реал Мадрд за напаѓачот на Милан, Рафаел Леао кој одигра одлична сезона.




Леао беше прогласен и за играч на сезоната во Серија А. Неговиот договор со Милан е до 2024 година, а директорот Паоло Малдини работи на продолжување на соработката барем до 2026. Сепак интересот од другите клубови може да направи проблем.




Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Медиумите пишуваа дека во договорот на Леао има откупна клазула од 150 милиони евра, но „кралевите“ имаат друга понуда.




Наводно, во Мадрид се подготвени да ги испратат Лука Јовиќ и Асенсио, плус одредена сума за да го добијат Леао.