Дома Фудбал Италија Галијани: Како дете доаѓав да го гледам овој клуб, Монца – Милан во Серија А ќе биде нешто посебно

Галијани: Како дете доаѓав да го гледам овој клуб, Монца – Милан во Серија А ќе биде нешто посебно

За првпат во својата историја Монца ќе игра во Серија А, тоа им успеа откако во финалето од плеј-офот ја совладаа Писа со 3:4 после продолженија.

Како што е познато на чело на Монца се Силвио Берлускони, а спортски директор е Адријано Галијани, тандемот кој му носеше титули на Милан во најславните денови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Голема радост за целиот регион Брианца. Долго чекавте вакво нешто, радувајте се. Сега сме во Серија А, па така следна цел е Скудетото, а потоа и Лигата на шампионите. Јас сум навикнат да победувам, а нашиот пласман во Серија А и Скудетото на Милан ми го наполниај срцето“, изјави Берлускони по завршувањето на мечот со Писа.

Интересна изјава даде и Галијани кој порача дека мечот со Милан ќе биде посебен.

„Ми се оствари сонот, навистина сум среќен и возбуден. Како дете доаѓав на стадион да го гледам овој тим. Милан-Монца ќе биде нешто посебно за мене. Моите деца веќе ми кажаа дека мораме да го победиме Интер“, истакна Галијани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…