На 3. јуни во Зворник за првпат во Босна и Херцеговина после четирите изданија во Србија и Црна Гора ќе се одржи „Battle for Belt“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
И на овој настан мечот на вечерта ќе го има нашиот Димитар Ѓоргиев кој ќе се бори за титулата шампион на Европа.
Противник на Ѓоргиев ќе биде домашниот боксер Никола Дробњак. Ѓоргиев и Дробњак ќе се борат за титулата во категоријата „WAKO PRO“ до 81.4 килограми.
Дробњак се надева на предноста на домашниот терен, но сигурно дека Ѓоргиев ќе биде мотивиран за нова титула и победа пред гостинската публика. Настанот ќе се одржи на 3. Јуни во „Салата на Спортови“ во Зворник со почеток од 20:00 часот, пренесот ќе биде на каналот на „Arena Fight“.