Ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема зборуваше за својот сонародник и пријател Килија Мбапе.




Откако Мбапе реши да остане во ПСЖ ги разочара сите во Реал, медиумите пишуваа дека Бензема лично му се налутил.




ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Бензема ги негираше таквите тврдења, ја почитува неговата одлука и не ја исклучи можноста Мбапе во иднина да го облече дресот на Реал Мадрид.




„Не, не сум разочаран, секој има можност да бира што мисли дека е најдобро за себе. Ние сме добри пријатели и играме заедно во репрезентацијата. Мбапе избра да остане во ПСЖ и тоа мора да го почитуваме. Тој е се уште многу млад, би сакал во иднина да го оствари сонот и да заигра за Реал Мадрид“, изјави Бензема.