Дома Фудбал Гундоган се уште не одлучил дали ќе го напушти Сити

Гундоган се уште не одлучил дали ќе го напушти Сити

Играчот за врска на Манчестер Сити, Илкај Гундоган се уште не донел одлука за својата иднина, откако одигра клучна улога во освојување на титулата во Премиер лигата.

31-годишниот Германец за „Кикер“ изјави дека ќе разговара со раководството на клубот пред да донесе конечна одлука дали да го напушти Манчестер Сити.

Гундоган влезе во последната година од договорот со „граѓаните“, а неодамна се појавија информации дека сака ова лето да ја промени средината.

Германскиот фудбалер со турско потекло оваа сезона одигра 43 натпревари на кои постигна 10 голови и подели шест асистенции, но често е на клупата за резерви.

Тој веќе има понуди од неколку европски клубови, а конечната одлука ќе ја донесе во следните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…