Дома Фудбал Италија Малдини со порака до газдите: Сега се потребни тројца топ играчи

Малдини со порака до газдите: Сега се потребни тројца топ играчи

Легендата на Милан, Паоло Малдини е ерхитект на големиот успех на „росонерите“, кои после 11 години го освоија Скудетото.

Малдини со лимитиран буџет, без големи засилувања и млади фудбалери успеа да изгради тим кој стана шампион во Италија, а самиот тоа го нарече „ремек-дело“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега во интервју за „Газета дело Спорт“ испрати порака до новите сопственици дека треба да се подигне нивото, потребни се инвестиции за да се отвори победнички циклус и да се направи исчекор во Европа.

„Ова Скудето е вистинско ремек-дело со оглед на тоа каде бевме пред три години и со каков буџет изградивме победнички тим. Сега е време за одлука, сопствениците треба да одлучат што понатаму. Со три топ фудбалери можеме да отвориме победнички циклус, во спротивно ќе се вклопиме во италијанскиот просек“, изјави Малдини.

Како што е познато во моментов се одвиваат преговори за купопродажба на клубот и се очекува да пристигнат нови сопственици.

„Јас и Масара (спортскиот диретор) не знаеме ништо и нашите договори истекуваат следниот месец. Веќе неколку месеци преговараме со неколку играчи, но не знаеме со каков буџет ќе располагаме. Ситуацијата мора да се реши што побрзо, бидејќи во моментов немаме буџет за инвестиции. Јас сум човек кој може да биде дел само во прокет кој е победнчки, каков што  му прилега на Милан“, истакна Малдини, кој потоа проговори за Рафа Леао, кој беше избран за МВП на сезоната во Серија А.

„Го купивме од Лил кога имаше 19 години и силно верувавме во него, па му ставивме во договорот клаузула од 150 милиони евра. Оваа година израсна многу и може да биде еден од најдобрите во светот. Леао е недопирлив и ќе ја одбиеме секоја понуда која ќе пристигне“, заклучи Паоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …