Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа е блиску до продолжување на соработката со „црвените ѓаволи“.




Ова сигурно е одлична вест за клубот од „Олд Трафорд“ бидеји Де Геа со сигурност беше најдобриот играч на „црвените ѓаволи“ оваа сезона.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Актуелниот договор на 31-годишниот Шпанец истекува следното лето, но според „Сан“ тој е многу блсику до продолжување на соработката до 2025 година.




Тоа е јасен индикатор дека новиот менаџер Тен Хаг сака да го задржи во своите редови и го смета за една од најважните алки во тимот.




Ако Де Геа остане на „Олд Трафорд“ до 2025 година, тогаш ќе биде цели 14 години дел од Манчестер Јунајтед и веќе стекна легендарен статус на клубот.