Македонија на стартот на јуни на ја очекуваат четири натпревари против Бугарија (2. јуни), Гибралтар (5. јуни), Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни) од групата 4 во Ц сегментот.




На денешната прес-конференција селекторот Благоја Милевски откри дека во отсуство на Стефан Ристовски кој на последниот натпревар се здобил со повреда на стаполото капитенската лента ќе му припадне на Енис Барди.




Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
,Подготовките ќе ги започнеме со проблеми. Поради повреди со нас нема да бидат Костадинов и Стефан Ристовски. Јаховиќ и Адеми добија одмор од моја страна, додека Ердал Ракип побара да биде ослободен поради лично причини. Стефан има повреда на стапалото и нема да биде тука за овој собир. Се надеваме дека нема да се работи за скршеница и подолга пауза”, изјави Милевски.




Собирот на македонската репрезентација беше денеска, а во наредните денови се очекуваат да пристигнат и играчите кои се уште имаат обврска кон клубовите.