Дома Фудбал Англија Хари Кејн наскоро потпишува и става крај на шпекулациите

Хари Кејн наскоро потпишува и става крај на шпекулациите

Хари Кејн е спремен конечно да стави крај на шпекулациите и да стави потпис на нов договор со Тотенхем, пренесуваат медиумите на Островот.

Англискиот голгетер е убеден дека Антонио Конте е вистинскиот човек, кој може да го однесе тимот до трофеј и е решен да остане во Тотенхем.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Минатото лето Кејн побара трансфер и сакаше да ја промени средината, но Тотенхем ги одби сите понуди од Сити и голгетерот остана.

Сега работите се променија, Кејн е среќен во Тотенхем и верува дека клубот е на вистинскиот пат, па е спремен да ја продолжи соработката.

Преговорите за нов договор се во напредна фаза и наскоро Кејн ќе стави потпис на нов договор до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Партизан во голем проблем, не добил лиценца за настап во Европа!

Партизан не успеа да добие УЕФА лиценца за следната сезона, ексклузивно дознава Спорт клуб…