Дома Фудбал Останато Компани пред враќање во Англија?

Компани пред враќање во Англија?

Еден од најстарите англиски клубови од следната сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип, а на клупата ќе има нов стратег.

Според пишувањата на островските медиуми, најсериозен кандидат за преземање на Барнли е Винсент Компани.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити моментално ја извршува менаџерската функција на Андерлехт, на чија клупа седна во 2019 година, а голема е веројатноста летово повторно да го го гледаме во Англија, сега во улога на тренер.

Барнли во наредните денови ќе воспостави и официјални контакти со Белгиецот, по што ќе бидат познати повеќе информации.

Барнли ќе има само една цел во новата сезона од Чемпионшип, а тоа е експресно враќање во Премиершип.

Тимот си ги искомплицира работите со поразот од Њукасл на домашен терен со резултат 1:2 во последното коло, каде триумф ќе им донесеше опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Синер ги загрижи сите: Ако не бидам подготвен до јануари, тоа ќе биде голем проблем

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, во моментов не е активен на терените поради здр…