Дома Фудбал Бензема: Мбапе? Не зборувам за небитни работи

Бензема: Мбапе? Не зборувам за небитни работи

Капитенот на Реал Мадрид, Карим Бензема, не сакаше да ја коментира одлуката на Килијан Мбапе да остане во ПСЖ.

Откако Мбапе реши да остане во ПСЖ ги разочара сите во Реал, а најмногу неговиот пријател Карим Бензема, кој реагираше и на социјалните мрежи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бензема сега истакна дека е фокусиран на финалето од Лигата на шампиони, а Мбапе го означи како „небитен“.

„Дали имам став за одлуката на Мбапе? В сабота играме во финалето на Лигата на шампионите. Сега не е време да размислувам за небитни работи. Не сум лут, туку сум фокусиран на Лигата на шампионите, тоа е многу поважно“, изјави Бензема.

Голгетерот додаде дека и фотографијата со „Тупак“ на неговиот Инстаграм не била наменета за Мбапе, иако означува „предавство“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…