Утре во последното коло од Серија А Аталанта ќе го пречека Емполи, а во овој натпревар ќе се врати Јосип Иличиќ.
Тренерот Џан Пјеро Гасперини го објави составот за овој натпревар, а на него изненадувачки се најде и Иличиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
34-годишниот во јануари повторно страдеше од психички здравствени проблеми кои првпат го погодија по избувнувањето на пандемијата во 2020 година.
Иличиќ постигна четири гола и додаде пет асистенции во 23 натпреварувачки натпревари оваа сезона пред повторно да се соочи со депресијата во јануари. Последниот натпревар сезонава го одигра против Удинезе на 9. јануари.
Во овој натпревар против Емполи Иличиќ може да се прости од навивачите на Аталанта по пет години минати во клубот, бидејќи се очекува летово да си замине. Неговиот договор има важност до јуни 2023 година, но се најавуваше дека може да ја заврши кариерата.
📋 I nostri convocati per l'ultima gara stagionale!
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) May 20, 2022
🦾 Here's our squad list for #AtalantaEmpoli!
Presented by @intesasanpaolo #SerieATIM #GoAtalantaGo ⚫️🔵 pic.twitter.com/gQOO4vAfB7