Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед започнал преговори со Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Најголема желба за засилување на средниот ред на „црвените ѓаволи“ е токму Милинковиќ-Савиќ, во кого на „Олд Трафорд“ гледаат идеална замена за Погба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот, а веќе спремиле понуда од 70 милиони евра.
Лацио е свесен дека не може да го задржи повеќе на „Олимпико“ и за неговата слобода бара 80 милиони евра, па двата клуба се очекува преку преговори да ја надминат разликата.