Барселона спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесува „Газета дело Спорт“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Приоритет на Барселона во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен дефанзивец, бидејќи иднината на Пике е неизвесна.




Кулибали е на врвот на листата желби на Чави, а Сенегалецот најверојатно ќе го напушти Наполи ова лето.




Тој влегува во последната година од договорот, а претседателот на Наполи не ја исклучи можноста за негова продажба.




30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата.
Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот би можел да се реализира за 30 милиони евра.