Како што пренесува јужноамериканската телевизија „Direct TV“ Лионел Меси ќе се пресели во Интер Мајами кога ќе истече неговиот договор со ПСЖ во јуни 2023 година.
Оваа телевизија објавува и детали според кои Меси не би бил само играч на Интер Мајами. Наводно тој би требало да стане сопственик на 35% од акциите на оваа франшиза. Новинарот од Венецуела Алекс Кандал истакнува дека договорот е постигнат и само недостигна потписот на Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секогаш сум сакал да го видам животот во САД и да играм таму. Меѓутоа не знам дали тоа ќе се случи набрзо или подоцна“, изјави Меси во 2020 година.
Лео во Мајами има луксузна куќа која ја купи во 2019 година, а љубителите на фудбалот не веруваа дека може да се пресели навистина во Америка затоа што не изгледаше дека ќе ја напушти во Барселона. Во 2021 година Меси мораше да ја напушти Барселоан и премина во Париз каде што не му оди баш најдобро, па нема да биде изненадување ако замине.
😱 ¿El futuro de Messi está en la MLS? La información de @Alex_candal en #FutbolTotalDIRECTV.
— DIRECTV Sports (@DIRECTVSports) May 16, 2022
👉 ¿Te gustaría verlo allí? pic.twitter.com/3zQ4EaCI32