Дома Македонски спорт Промени во одбраната, Ангеловски го објави списокот

Промени во одбраната, Ангеловски го објави списокот

Македонскиот селектор го објави списокот на фудбалери за двата натпревари во квалификациите кои ја очекуваат репрезентацијата на Македонија против Албанија и Израел.

Како што можеше да се забележи Ангеловски најголеми промени направи последната линија. Тој истакна дека се надева добри настапи, повод за такво нешто му даваат добрите игри на македонските фудбалери во нивните клубови, тука посебно Ангелоски ги истакна Александар Трајковски и Илија Несторовски кои настапуваат за Палермо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Место на списокот на Ангеловски немаше за досегашните репрезентативеци, Леонард Жута, Ванче Шиков и Мојсов.

Ангелоски  истакна дека Жута е изоставен поради слабите настапи пред се во репрезентативниот дрес, додека кога во прашање се Шиков и Мојсов тој најави дека има намера на нив да смета во иднина.

Како трет голман во националниот дрес беше повикан и младиот Дени Илиев кој настапува за англискиот гигант Арсенал. Во средниот ред Ангеловски ќе смета и на одличниот Барди кој направи трансфер во шпански Леванте, како и на Елмас кој исто така направи голем трансфер во редовите на Фенербахче.

Во продолжение погледнете го целосниот список на Ангеловски…

Голмани: Столе Димитриевски, Давид Митов Нилсон, Дејан Илиев

Одбрана: Стефан Ристовски, Кире Ристесвски, Кристијан Тошевски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Висар Муслиу

Среден ред: Стефан Спировски, Ферхан Хасани, Езџан АЛиоски, Енис Барди, Бобан Николов, Давид Бабунски, Љупчо Дориев, Никола Ѓоргиев, Елив Елмаз

Напад: Горан Пандев, Марјан Радески, Александар Трајковски, Илија Несторовски, Иван Тричковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…