Дома Фудбал Англија Фудбалска романтика: Џерард во последното коло може да му ја донесе титулата на Ливерпул!

Фудбалска романтика: Џерард во последното коло може да му ја донесе титулата на Ливерпул!

Ливерпул утре гостува кај Саутемптон и ако победи ќе дојде на бод од Манчестер Сити, тоа значи дека титулата во Премиер лигата ќе се решава во последното коло.

Во последното коло Ливерпул ќе го пречека Вулвс, додека Манчестер Сити ќе биде домаќин на Астон Вила. Оваа ситуација привлекува посебно внимание затоа што Астон Вила од клупата ја предводи клупската легенда на „црвените“ Стивен Џерард.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Џерард така ќе има прилика доколку остане непоразен да му ја „донесе“ титулата на својот поранешен клуб, секако под услов Ливерпул да слави против Вулвс.

Тимот на Пеп Гвардиола ќе биде фаворит во тој дуел, но дека ќе има голем мотив кај Џерард тоа е сигурно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…